НА 9-ТИ ОКТОМВРИ 1934 ГОДИНА Е ИЗВРШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ КРАЛОТ АЛЕКСАНДАР КАРАЃОРЃЕВИЌ ВО МАРСЕЈ

WEB Телевизија во живо

Тој е еден од најдобро организираните атентати во XX век, којшто по многу нешта претставува настан што предизвика пресвртница во меѓународните односи и го означи почетокот на активностите што биле вовед во Втората светска војна.
Извршител на атентатот бил Владо Черноземски, член на Внатрешна македонска револуционерна организација. Тој, во текот на нападот, смртно го погодил кралот Александар I Караѓорѓевиќ со четири куршуми, а со еден куршум го ранил францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, кој починал од од здобиената повреда.
Черноземски ја напуштил Бугарија во летото 1932 година, по наредба на ВМРО и местото на неговиот престој не било познато. Веројатно од тогаш започнале и подготовките за извршување на атентатот врз кралот Александар. Непосредните соработници на терористот на ВМРО во извршувањето на атентатот биле членовите на усташката организација Мијо Крал, Иван Рајиќ и Звонимир Поспишил, додека непосреден раководител на акцијата бил еден од првенците на оваа хрватска организација, Еуген Кватерник. Завршните подготовки за атентатот започнале во Швајцарија кон крајот на септември 1934 година.
За учеството во атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, на Звонимир Поспишил, Мијо Крал и Иван Рајиќ судот им изрекол казна доживотен затвор со присилна работа. Во отсуство, смртна казна им била изречена и на водачите на усташката организација Анте Павелиќ и Еуген Кватерник што имало за цел да ги задоволи и смири југословенските државно-политички кругови.
No photo description available.
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *