НА 6-ТИ ОКТОМВРИ 1014 ГОДИНА ВО ПРЕСПА УМРЕЛ ЦАР САМОИЛ, ОСНОВОПОЛОЖНИК НА МАКЕДОНСКОТО СРЕДНОВЕКОВНО ЦАРСТВО.

WEB Телевизија во живо

Цар Самоил, основоположник на македонското средновековно царство се родил околу 945 година во Охродската прстолнина во областа – Мокра.
Се истакнува како извинреден војсководец, воинствен човек кој не знае да мирува, тиранин додека во житијата се бележи дека бил со снага непобедлив и со моќ несовладлив.
Во 969 година заедно со своите браќа учествува во востанието против бугарската власт. Во 973 година бил во дипломатска мисија во Кведлихбургер, кај германскиот цар Отон. После 976 година, учествувал во востанието против византиската власт.
Самуил со помош на своите војсководачи и синот Гаврило Радомир успеал да собере голема војска и да изгрди борбена тактика со која можел да води успешни војни против Византија. Стратегијата која ја создал Самуил се сведувала на брз и изненаден напад врз Византија. Самуил и неговите војсководци го пуштале противникот да мине низ тесните долини, а на враќање во зседа го сочекувале и уништувале. Исто така бил и усовршен системот на градење деми (прегради). Ваквата стратегија овозможила македонската војска долго да и се спротиставува на Византија.
Во текот на 976 година за неполни шест месеци умреле браќата на Самуил. Според Јован Скилица Давид бил убиен кај месноста Убави дабови од страна на Власи Мојсеј загинал во битка со Византиците под sидовите на градот Сер а Арон бил убиен затоа што сакал да ја приграби власта за себе со помош на Византиците. Самуил покрај Арон ги ликвидирал и сите членови на неговото семејство со исклучок на Иван Владислав кој бил спасен од Гаврило Радомир. На тој начин Самуил станал единствен владетел (монарх) на целата држава.
По крунисувањето на Самоил за цар околу 1000 година, Македонското царство прераснало во најмоќна држава на Балканот, која била силен противник на Бизантиското Царство. Во границите на Македонското Царство влегувале: цела Македонија без Солун и Сер, Тесалија, цела Албанија, Зета, Тавинија, Захумје, Босна, Србија, Срем и цела Бугарија
Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се воделе меѓу војските на Самуил и византискиот цар Василиј Втори, трупите на царот Самуил биле целосно поразени, а тој се спасил со бегство.
По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај царот Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврил Радомир. Самуиловата држава постоела 38 години, од 976 година до смртта на Гаврил Радомир, во 1018 година.
May be an image of 1 person
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *