НА 12 НОЕМВРИ 2021 ГОДИНА ИЗЛЕГУВА НОВИОТ АЛБУМ „NINE LIVES“ НА ДУОТО „YOVA“ ЗАД КОЈ СТОИ БОГДАНЧАНКАТА ЈОВА РАДЕВСКА ЗАЕДНО СО АНГЛИЧАНЕЦОТ MARK VERNON

WEB Телевизија во живо

Сме пишувале повеќе пати за Јова Радевска, македонската кант авторка, која изгради извонредна музичка кариера во Англија. Накратко се работи за девојка која гевгелиската и македонска јавност ќе ја запознае на детските фестивали „Калинка“ во Гевгелија и „Тинс Фест“ вио Прилеп.
По завршувањето на средното училиште заминува во Англија каде се запишува во реномираното училиште „VOCAL TECH“ и каде по стекнувањето на нови музички пријатели се раѓа музиката за нејзиниот деби албум „„Дневникот на песочниот часовник“ во 2007 година. година.
Во 2008 година Јова има два настапи во Македонија – на „Скопскиот фестивал“ каде настапи со песната „Јас сум овде“ и на „Охридски трубадури – Охрид фест“ со песната „Се радувам и тагувам“.
Во моментот дуото „YOVA“зад чие име се кријат самата Јова Радевска и Марк Вернон (Mark Vernon), се актуелни со новиот сингл ′′ Where There Is Smoke “, преземен од нивниот деби албум ′′ Nine Lives ′′ кој ќе биде издаден на 12 ноември. На него свират гитаристот BJ Cole (соработник со Sting) & Rob Ellis (Placebo, PJ Harvey, Anna Calvi). За овој албум во последниот број критички осврт излезе во реномираното музичко списание „MOJO“.
Ппретходниот сингл „Дожд“,доби специјален микс од Винс Кларк од познатата група Erasure,
А, ние , може само да и посакаме на единствената Македонка на британската музичка сцена: Јова Радевска – девојката со „девет животи“ да го живее својот музички сон во Лондон.
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *