МЕЃУ 100-ТЕ НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ПРИХОД, ДОБИВКА И ВРАБОТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ГЕВГЕЛИСКИТЕ „КОНТИ ХИДРОПЛАСТ“, „МАКОТЕН“, „ПРИНЦЕС ХОТЕЛ И КАЗИНО“, „ТЕКСТИЛНА КООПЕРАЦИЈА“ И „НОЕЛ“

WEB Телевизија во живо

Аналитика Медиум (сопственик на порталот Пари), во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, ги промовираше 100-те најголеми компании во Македонија рангирани според нивните остварени вкупни добивка, приходи, и вработени.
Во категоријата 100 најголеми компании по добивка во 2020 година, на 25-то место се наоѓа гевгелиската компанија „Конти Хидропласт, со вкупна добивка од 368,897,450 денари. Оваа компанија во 2019 година била на 73-то место.
Компанијата „Конти Хидропласт“ е рангирана и во категоријата 100 најголеми компании по приходи. Со приходи од 2,115,286,980 денари, таа се наоѓа на 81 место.
Четири гевгелиски фирми се рангирани во категоријата 100 најголеми компании по број на вработени. МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија вработувале 624 работници во 2020 година, што е зголемување од 7,8 проценти во однос на 2019 година, ПРИНЦЕСС ХОТЕЛ И КАЗИНО вработувале 493 работници, што е намалување од 15,6 проценти во однос на 2019 година, ТЕКСТИЛНА КООРПОРАЦИЈА со 435 вработени, што е за 4,8 проценти зголемување во однос на 2019 година и НОЕЛ со 397 вработени, што е намалување за 27,7 проценти во однос на 2019 година.
Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени. Исто така овој показател овозможува поголема препознатливост и промоција на компаниите кои ќе го искористат правото да се стекнат со сертификатот „Аналитика 100“ на Аналитика Медиум (сопственик на порталот Пари), а со тоа пренесуваат информација дека припаѓаат во групата на најзначајни компании во Македонија
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *