ИЗЛЕЗНОСТА НА ГЛАСАЧИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ГЕВГЕЛИЈА ДО 15 ЧАСОТ ИЗНЕСУВА 40,15 ОТСТО. НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО 0348 ЌЕ СЕ ГЛАСА И ПО 19 ЧАСОТ

WEB Телевизија во живо

Излезноста на гласачите на седмите локални избори во општина Гевгелија заклучно со 15 часот изнесува 40,15 отсто. Од ОИК информираа дека на гласање излегле 7.652 граѓани, односно 40,15 отсто од евидентираните гласачи. Поради проблеми со фингерпринт терминалот, гласањето на избирачкото место 0348 (ЈПКД Комуналец) било прекинато 1 час и 40 минути, и за толку време на ова гласачко место ќе биде продолжено гласањето и по 19 часот.
Според бројките што ги соопштија од ОИК, блиску до гевгелиската излезнот се и општините Богданци и Валандово. Во општина Богданци до 15 часот на гласање излегле 2.505 граѓани или 37,87 отсто, а во Валандово излезноста во процент изнесува 38,6 отсто, односно гласале 3.854 од запишаните 9.992 избирачи.Во општина Дојран е највисок процентот на излезност од 46,75 отсто, но на избирачкиот список има најмалку гласачи чиј број изнесува 2.678.
Државната изборна комисија денеска на прес конференција посочи дека 31,81% е излезноста на ниво на држава до 15 часот, при обработени податоци од 86,79% од избирачките места. Најголема излезност има во општините Новаци – 59,16% и Демир Хисар со 54,86%. А најмалку гласачи излегле до избирачките места во Шуто Оризари со 19,99% и 19,1% Во Центар Жупа.
До ДИК се пристигнати 134 приговори, од кои 63 се прифатени, а 10 одбиени.
May be an image of 2 people, people sitting and indoor
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *