ДЕНЕС ВО ПРИЛЕП, КОНСТАНТИН КАРЕВ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ТИТУЛАТА НАЦИОНАЛЕН СЛЕМ ПОБЕДНИК

WEB Телевизија во живо

Во Прилеп, на летната сцена на НУ Центарот за култура „Марко Цепенков“ на 10. октомври во 20.30 ч. ќе се одржи единаесеттиот национален слем-натпревар.
Настанот ќе се одржи со физичко присуство и на отворено, но со запазување на пандемските мерки. Во случај на дожд, постои алтернатива за локација на одржување на настанот која ќе биде обзнанета дента.
За титулата национален/а победник/победничка се пријавија повеќе од 30 слемер(к)и, а во живо ќе се натпреваруваат: Габриела Стојаноска-Станоеска, Горазд Китановски – Кени, Дарко Гроздановски, Дафина ,,Даффне” Веселиноска, Дијана Петкова, Илијана Ѓоргиева, Ирена Јурчева, Корнелија Јосифова, Кристина Ставревска, Константин Карев, Марија Грубор, Марина Икономова Шокева, Никола Дукоски, Оливера Доцевска, Сандра Авросиевска, Софија Александар, Софија Бислимоски, Софија Тодороска, Тања Кузманоска, Тихомир Јанчовски и Цветанка Колева.
Пропозиции за успешна слем-изведба:
– Текстот се изведува напамет. За читање се одзема 1 бод.
– Реквизити и други сценски помагала не се дозволени. За употреба на дополнителни средства се одзема 1 бод.
– Настапот треба да трае од 3 до 5 минути, не. За настап подолг од предвиденото време се одзема 1 бод.
Традиционалниот национален слем-натпревар е во организација на „Театарска работилница“ – Прилеп и Игор Трпчески – Трпче и во коорганизација на Елена Пренџова.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *