ЦРКВАТА СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА ЌЕ БИДЕ ПРВ ЦРКОВЕН ХРАМ ВО ГРЦИЈА КАДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ВРЖАТ БОГОСЛУЖБИ.

WEB Телевизија во живо

Советникот на Обединетата Македонска Дијаспора , Филип Јотевски, заедно со Евгенија Нацулиду, македонска активистка во Егејска Македонија, беа во посета на црквата Света Злата Мегленска во С’ботско (Аридеја), првото место на богослужба каде етничките Македонци во Грција ќе можат слободно да ја практикуваат македонската православна вера по поделбата на Македонија во 1913 година. Тие, исто така, се состанаа со архимандритот Никодим Царкњас, кој долго време се бори со грчката влада за да добие официјално признавање на Македонската православна црква.
Црквата е близу до завршување, но на фотографиитее прикажан подрумот кое беше местото каде што до неодамна Македонците тајно ги одржуваа верските собири. Во подрумот наскоро ќе биде сместен културниот центар за Егејските Македонци во регионот.
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *