АПТЕКИТЕ СО МИЛИОНСКИ ПРИХОД ОД НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 2020-ТА ГОДИНА. ЛАНИ, ВО ВРЕМЕ НА КОВИД, ЕДНО СЕМЕЈСТВО ПОТРОШИЛО ПО 500 ЕВРА ЗА ЛЕКОВИ.

WEB Телевизија во живо

Ковид, паниката кај граѓаните им ги наполни сметките на аптеките. Едно четирчилено семејство заболено од Ковид кое се лечеше во домашни услови трошеше најмалку 500-ини евра за лекови. Граѓаните ги полнеа своите полици со разно разни витамини, антибиотици како резерва и се што сметаа дека би им помогнало полесно да го поминат вирусот. Од друга страна сопствениците на аптеките ги броеја профити од продажбата на лекови.
Според податоците на порталот Пари во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк во листата на ТОП 10 аптеки кои оствариле најголем приход минатата година, сите без исклучок оствариле поголем приход од 2019 година. И кај добивката ситуацијата е слична, сите тие ја завршиле годината со зголемен профит освен последната кај што има мал пад. Вкупно 10-те најголеми аптеки во земјава минатата година на сметка генерирале вкупен приход од 131 милион евра и добивка од 2,1 милион евра.
Водењето аптеки се чини е женски бизнис во Македонија! Сестрите Викторија и Христина Механџиски (ќерки на аптекарскиот маг Благоја Механџиски), нивната партнерка Лана Пепиќ и Анѓелка Белазелкоска од Битола се најголемите играчи на македонскиот аптекарски пазар. Меѓу нивните три аптекарски фирми се води „битката на титаните“ на македонскиот аптекарски пазар на кој овие три фирми оствариле приходи од безмалку 100 милиони евра.
May be an image of medicine
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *