ЗОШТО И ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ НЕ Е ЗАВРШЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА?

WEB Телевизија во живо

Пред седум дена под мотото „Иднината е во железницата“, на Железничката станица во Скопје пристигна Европскиот воз, тој преноќи во Скопје, пред да го продолжи патот кон Атина. Не знам дали на пат кон Атина, високите гости од ЕУ минувајќи низ Гевгелија, успееја да ја видат незавршената реконструкција на зградата на Железничката станица во овој град, на влезот во Европа. Нивните домаќини веројатно им кажале дека се работи за проект токму на Европската унија, проект за реконструкција на 11 станици долж коридорот 10.
Работите на реконструкцијата на Железничката станица во Гевгелија започнаа во 2016 година и предвидено беше да завршат во 2017 година. Се работи за стар објект изграден во 1873 година со делумни мали интервенции во различни периоди на време. Но, еве веќе изминува и 2021 година а објектот не е дозавршен.
А, зошто е тоа така, ТВ Нова 12 одговор побара директно од Јавното претпријатие инфраструктура на Македонски железници. Од таму ни го испратија следното известување:
„Реконструкцијата на железничката станица во Гевгелија е еден дел од проектот за реконструкција на 10 (десетте) железнички станици вдолж Коридорот 10 и кракот 10д финансиран од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија-ИПА во рамките на Оперативната програма за регионален развој-ОПРД 2007-2013. Девет железнички станици се веќе реконструирани и се во функција на потребите на патниците и на железничкиот сообраќај воопшто.
Кај железничката станица во Гевгелија дојде до продолжување на активностите бидејќи оваа железничка станица се наоѓа на евидентирано трусно подрачје подложно на замјотреси и дека претставува заштитено културно наследство односно споменик на културата. Заради тоа беше потребно да се изработат дополнително два проекта за носивост и статичка стабилност на железничката зграда, како и конзерваторски проект за фасадата. Со дополнителни средства надвор од проектот Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Северна Македонија – Скопје како краен корисник ја превзеде обврската и од сопствени средства се направи зајакнување на објектот и изработка на фасадата согласно конзерваторскиот проект. Заради изведба на овие две работи и проблемите што се јавија со бегалската криза се пролонгираше времето за реконструкција при што остана да се дозавршат уште приближно околу 10% од основниот договор. Сите инволираните институции како оператицна структура во рамките на ИПА се во фаза на преговори со основниот изведувач, заради проблемите кои се појавија во меѓупериодот за продолжување на преостанатите работи и конечно завршување за реконструкцијата на железничката станица Гевгелија. Ова станица е многу важна од регионален аспект бидејќи се работи за станица која се наоѓа на железничкиот Коридор 10, како и поради фактот што е погранична станица со земја членка на Европската Унија. Напоменуваме дека се прават максимални напори од сите инволвирани институции и се надеваме дека до крајот на годината станицата ќе биде завршена и пуштена во употреба.“
Инаку, да потсетиме, преостанатите 10 железнички станици во земјата веќе се завршени, во рамки на проектот „ЕУ за тебе“ на Делегацијата на Европската Унија, а кој се финансира со донација од Шпанската влада. Вкупната цена на сите градежни зафати на 11– те станици изнесува 5 милиони евра. Половина од овој износ се потроши за реконструкција на главната железничка станица во Скопје, а другиот дел за 10-те станици долж коридорот 10.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *