ЗДРУЖЕНИЕТО „MACBEE“ („МАКЕДОНСКА ПЧЕЛА“ ) ОД НЕГОРЦИ СО КАМПАЊАТА „ОДГЛЕДУВАМ МАКЕДОНИКА,ОДГЛЕДУВАМ НАШЕ!“ ВО ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКАТА МЕДОНОСНА ПЧЕЛА.

WEB Телевизија во живо

На почетокот на новата пчеларска сезона, која според пчеларскиот календар стартува во август, а во пресрет на 20-ти септември, Светскиот ден на пчелата, како и одбележувањето на јубилејни 10 години од основањето на Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела „Македонска пчела“-Негорци, (www.macbee.mk), здружението го најавува почетокот на кампањата „Одгледувам македоника, одгледувам наше!“. Целта на кампањата е подигање на јавната свест за значењето од одгледување на автохтоната медоносна пчела, но и да се поттикнат надлежните институции да посветат повеќе внимание на оваа тема и да ја продлабочат соработката со граѓанските организации. Активностите кои се дел од кампањата ќе се промовираат и реализираат он-лајн, односно преку веб страната на здружението и социјалните медиуми, потоа преку пишаните и електронски медиуми и преку настаните во организација на „Македонска пчела“-Негорци. За потребите на кампањата изработен е информативен постер, а се планира изработка и на краток промотивен видео спот.
Популацијата на македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) кај нас е идентификувана и потврдена како автохтон подвид. Но, во последните неколку години зачестена е нелегалната продажба на пчелни матици од „увезени“ комерцијални и неавтохтони подвидови на медоносни пчели со што се „контаминира“, односно хибридизира популацијата на автохтоната медоносна пчела. Хибридизираните пчели се со намалена виталност, потешко презимуваат и не обезбедуваат рентабилно пчеларење на подолг рок. Како најголем и најсериозен проблем од сето ова е нарушувањето на биолошката разновидност. Со ваквите негативни влијанија, пчеларскиот сектор се доведува во незавидна ситуација, со економски штети кои можат да бидат од голем размер. Само преку сериозен пристап кон оваа тема и преку заедничка соработка на сите засегнати страни и чинители, ќе се елиминираат голем број на несакани појави поврзани со нашата медоносна пчела.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *