ВО ГЕВГЕЛИЈА ОДРЖАНА ОБУКА НА ТЕМА „ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА“

WEB Телевизија во живо

Во рамките на проектот AQUA-M – II – „Одржливо управување на водните ресурси во прекуграничниот регион“ се одржа обука на тема: „Зелена инфраструктура“.На обуката беше презентиран проектот и неговите активности, а, исто така, беше презентирана и набавената опрема во рамките на проектот од страна на ЈПКД „Комуналец“, наменета за потребите на Прочистителната станица во Гевгелија. Промовирана беше и брошурата „Вода, пестициди и нивната правилна употреба“, подготвена од страна на партнерите во проектот.
Присутните на обуката имаа можност да се запознаат со значењето на Зелена инфраструктура – одржлива мерка за борба против ефектите и спречување на ризиците поврзани со климатските промени. И преку, дискусија, со своите идеи да придонесат во следните активности во управувањето со водните ресурси во општина Гевгелија и регионот. Како и за нови прекугранични иницијативи за подобар менаџмент со водните ресурси.
Проектот AQUA-M II е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020.
May be an image of 1 person, standing and indoor
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *