ВО БОГДАНЦИ ДЕНЕС СЕ ИГРА ГОЛЕМОТО ЛОКАЛНО РАКОМЕТНО ДЕРБИ „МЛАДОСТ 1977“- „ПАРТИЗАН 2016“

WEB Телевизија во живо

Љубителите на ракометот денеска ги очекува вистинска ракометна атракција. Во салата „Млаз“ во Богданци, со почеток од 17 часот, во рамките на Второто коло од Првата македонска лига, се среќаваат добрите познаници, Младост од Богданци и Партизан од Гевгелија.
Клубови со богата традиција, кои секој во еден период од своето постоење играле значајна улога во југословенските и македонските ракометни лиги.
Од едната страна Стоилов, Караиванов, Паунков, Роглев, а од другата браќата Узунчеви, Лисичков, Бајанцалиски, ветуваат вистинска машка борба за бодови.
Влезот е слободен, а дозволено е присуство на публика со ограничување на 30% од капацитетот на салата и со напомена дека мора да се покаже соодветна потврда за извршена вакцинација, прележан Ковид во последните 45 дена или со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, согласно епидемиолошките мерки.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *