УЛТРАРАТОНЕЦОТ НИКОЛЧО ЃОРЃИЕВ ВО ЧЕСТ НА БЛАГОЈА ИСТАТОВ СО ВЕЛОСИПЕД ЌЕ ИЗВОЗИ 150 КМ ОД СТРУМИЦА ДО ГЕВГЕЛИЈА, И ЌЕ ТРЧА ОД ГЕВГЕЛИЈА ДО ХОТЕЛ ИСТАТОВ 30 КМ.

WEB Телевизија во живо

На 3-ти октомври, во чест на фудбалската легенда Благој Истатов, кој почина пред три години, ултрамаратонецот Николчо Ѓорѓиев ќе трча и вози велосипед од Струмица до Штип преку Неготино до Гевгелија и Дојран во должина од околу 190 километри. Станува збор за ,,дуатлон,, спротска дисциплина , која Ѓорѓиев ја практикува и е единствениот македонец кој има земено учство на Светско првенство пред две години во Швајцарија
Ѓорѓиев најнапред во придуржба на членовите на ВК ,,Актив’’ од Струмица планира да истрча 10 километри по струмичките улици по што со велосипед ќе вози делница од 150 километри и тоа од Струмица кон Штип од каде ќе вози кон Неготивно а од таму кон Гевгелија. На ова делница ќе биде придружуван од тркачки велосипедисти од Струмица. Од Гевгелија до хотелот Истатов Николчо Ѓеоргиев ќе ја истрча делницата во должина од околу 30 километри
,, Истатов беше легенда и човек со огромно срце. Во негова чест за првпат во Македонија ќе се обидам да трчам и возам велосипед на делница од 190 километри. Паралелно ќе ме придржуваат и членови од ВК Актив и велосипедисти тркачи на долги патеки,, ни изјави Ѓорѓиев кој и претходно имаше трчано за Благој Истатов
Поранешниот голман на струмичка Беласица, Победа од Прилеп, Партизан од Белград и Утрехт од Холандија почина на 27 септември 2018 година, на 71 година. Беше тренер на повеќе клубови во земјава и странство по завршувањето на кариерата, а најголемите успеси ги постигна со Беласица, меѓу кои и пласман во некогашната Единствена втора лига на Југославија.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *