СО ПРЕРАБОТКА НА „ПУШТИ КОСИ“ ОД „ЗИЈАН“ , ДАЦ И АЛЕКСАНДАР ГО ЧЕСТИТААТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА.

WEB Телевизија во живо

Во пресрет на утрешниот празник, Денот на независноста, музичкото дуо „Дац и Александар“ заедно со дувачкиот состав Brasstet Skopje го промовираа каверот на легендарната „Пушти коси“ на гевгелиска група “Зијан”.
„Од срце ви ја подаруваме песната, а само нашиот Александар и неговиот тим можеа да создадат еден ваков “филмски” кавер и на еден сосема современ начин да го продолжат животот на безвременската “Пушти коси” од 1990 година. Песна која буди гордост и убави чувства, отвора широки пространства во срцето и дефинитивно – подига“, велат од дуото.
Како вокалистки се јавуваат и Симона и Марија, Наумче на тапани, маестро Тимко на канон.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *