СЕ ОДБЕЛЕЖУВАТ 75 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЧЕСТИТ НЕКА ВИ Е ЈУБИЛЕЈОТ ДРАГИ ПЕНЗИОНЕРИ, И НАРЕДНАТА ГОДИНА ОВОЈ ДЕН ДА СИ ГО ДОЧЕКАТЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ, БЕЗ КОВИД-19, И СО ПОГОЛЕМИ ПЕНЗИИ

WEB Телевизија во живо

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е формиран во 1947 година, а својство на правно лице има од 27 април 1971 година кога е запишан во Регистарот на МВР како општествена организација. Тој е невладина неполитичка мултиетничка асоцијација во која членуваат 53 здруженија на пензионери, доброволно здружени заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија во државава.
Во моментов во земјава има 324 илјади пензионери граѓани кои по придонесот за државата низ текот на својот работен век заслужуваат да имаат мирни и спокојни пензионериски денови и затоа грижата за нив е врвен приоритет за Владата, благодарение на вас и вашата пожртвуваност,, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната прослава по повод 75 години од основањето на Здруженијата на пензионери на Македонија.
Им го честитаме и ние, како редакција, денот на пензионерите и им посакуваме добро здравје, долг живот и успех во истиот, со надеж идниот ден на пензионерите да го дочекаат без Ковид – 19 и со повисоки пензии.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *