РАДМИЛА ОД БОГДАНЦИ И МАРТИН ОД БИТОЛА, ЛИЦА СО ОШТЕТЕН СЛУХ, ОТВОРИЈА ЗНАКОВНА КАФЕТЕРИЈА ВО БИТОЛА „УЛАФ СТЕ“

WEB Телевизија во живо

Доказ дека љубовта и ентузијазмот можат да премостат многу граници, е примерот на Радмила Периќ од Богданци и Мартин Ангелов од Битола, кои во старата чаршија во Битола, веќе извесно време се сопственици на кафетеријата „Улаф сте“. Како лица со оштетен слух, нивната гостопримливост и отвореноста кон гостите ја покажуваат постојано, комуницирајќи на знаковен јазик. А ако гостинот сака, преку буквите на знаковниот јазик поставени во кафетеријата, може барем да се обиде да си го каже своето име и да се запознае со љубезните сопственици.
Радмила и Мартин велат дека сакаат да бидат пример на една љубовна приказна која треба да допре до сите. Амбиентот покрај реката Драгор, местоположбата на кафетеријата, им дава дополнителна радост и мотивација да направат и други приказни со кои и градот би бил препознатлив
Тие истакнаа дека ова е пример многу важен за лицата со попреченост,во нивната намера да се отворени за промени и да не се повлекуваат пред животните предизвици.
Минатата година „ТВ Нова 12“ пишуваше за Мартин од Битола и Радмила од Богданци, кои се запознале додека учеле во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” во Скопје, инаку, училиште за средно стручно образование за ученици со оштетен слух. При нивниот престој во странство тие виделе дека многу глуви лица отвараат свои бизниси, бутици, ресторани, винарии.
Кога се вратиле, рамислувале што да прават, дали да бараат работа или да почнат свој бизнис. Добиле информација за кампањата на Министерството за труд и социјала и решиле да се обидат и тие да отворат свое нешто. Се решиле за кафетерија
Во Скопје го отвораат кафулето – 02, тоа бил предлогот на некој Македонец кој живее во Белград кој образложил дека ‘02’ е повикувачкиот број за Скопје, дека нивното кафуле е мост меѓу два света, со нула звук и две раце.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *