РАБОТНА СРЕДБА ВО МЕЃУОПШТИНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ЗА ПОДДРШКА И ПОМОШ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

WEB Телевизија во живо

По иницијатива на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија беше организиран работен состанок за изработка на план за помош на лицата со попреченост и продлабочување на меѓуинституционална соработка и соработката со невладиниот сектор во делот на поддршка на лицата со попреченост.
На средбата беа присутни претставници од ЗЛТИ “Мобилност”, здружението на слепи лица ЗСЛ – Гевгелија и од други здруженија како здружението за лица со интелектуална попреченост ЦПЛИП “ПОРАКА”- Гевгелија за кои во иднина заеднички ќе биде изработен план за нивна инклузија.
На состанокот присуствуваа и новите сертифицирани лични асистенти кои со поддршка од општина Гевгелија посетуваа обука за стекнување на вештини за помош на лицата со попреченост.
Истите имаа можност да се запознаат со претставниците на здруженијата, а и да слушнат позитивни практики од лице кое веќе ја дава услугата како личен асистент на 2 корисници.
Заклучоците од средбата беа прифатени од В.Д. Директорот на Центарот за социјални работи Гевгелија и од сите присутни и се договорија почесто да има вакви средби.
May be an image of 4 people, people sitting, people standing and indoor
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *