ПРЕКУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НОВ ЕХО КАРДИОГРАФ И МОБИЛЕН РЕНТГЕН АПАРАТ ДОБИ ГЕВГЕЛИСКАТА БОЛНИЦА

WEB Телевизија во живо

Преку Министерството за здравство, со средства од Светската банка, Општата болница со проширена дејност во Гевгелија доби два современи медицински апарати, со кои значително ќе се подобри и олесни дијагностиката на пациентите од општината и пошироко.
Се работи, најнапред за еден софистициран мултифункционален ехо кардиограф со чие што ставање во функција ќе може да се вршат ехо прегледи на срце заедно со доплер на каротиди, ехо на абдомен како и на тироидна жлезда. Апаратот е од поновата генерација и е мултифункционален и веќе е ставен во употреба на интерното одделение, изјави денеска директорот на Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, Митко Крџев.
Вториот апарат е мобилен рентген апарат, кој примарно беше наменет за снимање на пациентите кои се хоспитализирани во ковид модуларната болница , но истиот, бидејќи е подвижен, ќе може да се користи и за снимање на тешко подвижни пациенти на било кое одделение во Општата болница, истакна Крџев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *