ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА КЛУБОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ ВО МОИН

WEB Телевизија во живо

Во општинските простории во населеното место Моин, денеска, беше предаден во употреба Клубот на пензионери за повозрасната генерација.На присутните им се обрати Велин Стоименов, претседател на Здружението на пензионери- Гевгелија, честитајќи им го пуштањето во употреба Клубот на пензионери- Моин, зад која иницијатива стоеше и самото Здружение. Истовремено, ја изрази и својата благодарност до градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и ЈПКД „Комуналец“, Активот на жените-пензионерки при Здружението, Здружението на пензионери од Дојран и Штип и неколку жители од Моин за поддршката на иницијатива- објектот да стане функционален, каде пензионерите ќе имаат можност за дружење, одмор и рекреација. Особено, горд што ова е шестиот отворен Клуб на пензионери во општината:
– Овој Клуб ќе биде пријатно место и катче каде пензионерите ќе имаат можност своето слободно време да го минуваат дружејќи се, читајќи весници, разговарајќи за актуелни теми, играјќи шах, домино, табла, карти.
Општинските простории наменети за Клубот на пензионери беа реконструирани со поддршка на Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и Здружението на пензионери од Гевгелија во соработка со останати Здруженија од државата и жители на населеното место Моин. Беше заменета старата кровна конструкција, столаријата и подот, а просториите опремени со мебел и реквизити.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *