ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ТППЕ ГЕВГЕЛИЈА КАКО И СИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН ЌЕ ДОБИЈАТ КОМПЛЕТ ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА ШУМСКИ ПОЖАРИ

WEB Телевизија во живо

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини – Благоевград, Република Бугаријаго имплементираат проектот„Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“,финансиран од Европската Унија преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија,
Вкупната вредност на овој проект изнесува 395.361 евра, од кои буџетот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е 197.602 евра, а истиот ќе се имплементира 24 месеци.
Главна цел на проектот е превенција и ублажување на последиците од природни катастрофи како и катастрофи предизвикани од човечки фактор.
Во рамките на овој проект ќе биде набавена комплетна лична заштитна опрема за шумски пожари за сите пожарникари од Југоисточниот плански регион. Ќе се набави професионална опрема за шумски пожари која вклучува комбинезони, ќебиња, чизми, ракавици, шлемови направени специјално за шумски пожари, заштитни маски против чад и балаклави огноотпорни маски. За секоја од противпожарните единици во регионот ќе се набават пумпи, противпожарни црева и моторни пили. Со оваа опрема значајно ќе се унапреди безбедноста и функционалноста на пожарникарите од регионот и нивен навремен и соодветен одговор против шумските пожари кои предизвикуваат огромни штети, ја уништуваат нашата шума, природата, а не ретко како што е познато од минатото има и човечки жртви.
Покрај набавката на опрема ќе се креира и прекугранична мрежа за спречување и одговор на опасности од природата и животната средина во која ќе учествуваат претставници на општините, општинските територијални противпожарни единици и волонтерските заедници од двете земји чија цел е да се создаде добра координација и структура за превенција и соодветен одговор на катастрофите со посебен акцент на шумските пожари. За дел од членовите на општинските територијални противпожарни единици и волонтерските заедници од двете земји е предвидено спроведување на низа специјализирани обуки (вкупно 6) од страна на меѓународни сертифицирани обучувачи. Ќе се спроведе и информативна и медиумска кампања за подигање на јавната свестза промовирање на волонтерството и спречување на шумските пожари.
Бенефит од релизацијата на овој проект ќе имаат сите жители на двата погранични региони односно заедниците кои дејствуваат на овие подрачја (жители на општините во Југозападна Бугарија и Југоисточниот плански регион во Македонија), а секако и територијалните противпожарни единици, како и волонтерите – членови на доброволни противпожарни единици.
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *