ПОМИНАА ПРВИТЕ ДЕСЕТ ДЕНА „ПОПИС 2021“ ВО ГЕВГЕЛИЈА. ВО ПОПИШУВАЊЕТО ПРЕДНИЧАТ НЕГОРЦИ И МИРАВЦИ.

WEB Телевизија во живо

Според комисијата на Пописен реон 11, теренските активности за спроведување на Пописот на населението, становите и домаќинствата на подрачјето на Пописниот реон 11 во Гевгелија се одвива непречено. По техничките проблеми со апликацијата од стартот на попишувањето, кои беа надминати на крајот на минатата недела, веќе цела седмица пописните активности се одвиваат без проблеми и според планираниот интензитет.
Резултатите од терен даваат за право да се констатира дека пописот во пописен реон 11 се одвива успешно. Затоа што, од 101 пописен круг колку што ги има на подрачјето на општина Гевгелија, поголемиот број на пописни кругови се веќе завршени. Во попишувањето предничат населените места Негорци и Миравци и селата кои гравитираат околу нив. Овој терен е под надлежност на двајца реонски инструктори кои имаат на располагање 19 попишувачи задолжени за над 30 пописни кругови. Анализата на сработеното покажува дека од 30 пописни круга, пописот е целосно завршен во 26, а во преостанатите 4 е пред крај и ќе биде завршен во следните 3-4 дена.
Во градот Гевгелија, кој е поделен на 64 пописни круга пописот се спроведува од страна на 33 реонски попишувачи кои се под контрола на 6 реонски инструктори. Заклучно со денешниот ден, 16 септември, во 18 пописни круга во градот пописот е целосно завршен и попишувачите кои завршиле со еден веќе се задолжуваат со нов, втор пописен круг. Во 15 пописни круга се очекува пописот да биде завршен за 3-4 дена, а проценка е дека најдоцна до вторник 21 септември ќе бидат доделени за работа и активирани сите преостанати пописни кругови. Со оваа динамика, преоценка е дека пописот како најзначајна статистичка операција ќе биде успешно завршен во нашиот реон.
Според искуствата на попишувачите од терен, досега нема сериозни нарушувања на процесот на попишување. Попишувачите се задоволни од приемот на кој наидуваат кај граѓаните и лесно воспоставуваат комуникација и договор за термин соодветен за повторна посета кај домаќинствата кои нема да ги затекнат при првата посета.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *