ПОКРАЈ БРАНАТА „КОНСКО“ ЌЕ СЕ УРЕДИ УРБАНИЗИРАНА ТУРИСТИЧКА НАСЕЛБА

WEB Телевизија во живо

Паралелно со изградбата на браната „Конско“ крај Гевгелија, се вршат подготовки за урбанизирање на целиот крајбрежен појас и уредување на туристичка населба. Општина Гевгелија нарача Урбанистички план во населено место за Старо Конско, како и просторот околу браната „Конско“. Урбанистичкиот план е во завршна фаза и го изработува „Иванов инжинеринг“ од Битола, која проектанска фирма на распишаниот јавен повик за изработка на урбанистички планови имаше најповолна понуда. Исто така, урбанистички план се изработува и за вон населеното место Ново Конско, со што се создаваат урбанистички предуслови за урбанизација на целиот потпланински појас од Кожуф планина.
Според градоначалникот на Општина Гевгелија уште од почетокот на изградбата на браната „Конско“, во јули 2018 година, од страна на Oпштината е иницирана постапка за изработка на урбанистички план за околниот простор. Бидејќи, тоа е главен предуслов за уредување на целата локација и развивање на планинскиот туризам во овој дел на општината. Со планот ќе бидат предвидени локации за викенд-куќички, но и целокупната потребна инфраструктура и услови за алтернативни форми на туризам. Всушност, и овој проект е дел од Стратегијата за развој на туризмот на Општина Гевгелија, донесена во 2020 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *