ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА ФОТОГРАФИИ НА ТРАДИЦИОНАЛНИ НОСИИ „ОД ЉУБАНИШЧА ДО ДЕБАР“ НА ЉУПЧО МИЛОШЕСКИ

WEB Телевизија во живо

Домот на културата „Македонија“ успешно реализираше уште еден настан од областа на традиционалната култура. Станува збор за изложбата на фотографии со традиционални носии од приватната збирка на младиот струшки колекционер Љупчо Милошески, колекционер, кој од своите 15 години започнал со собирање на народни, невестински носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина.
Пред големиот број присутни, меѓу кои беа и членовите на ансамблот Бојмија од Гевгелија, авторот истакна:
„Успеав да соберам една побогата колекција која ја претставив во монографија. На монографијата се работеше околу година и пол заедно со професорот Владимир Јаневски и дојдовме до идеја таа монографија да се испечати и да се промовира на јавноста. Тоа беше главна инспирација за монографијата бидејќи Дрим е во Струга, а идејата беше да се соберат сите носии од етничките предели по течението на Дрим, почнувајќи од изворот кај Св. Наум до Дебар каде истекува Дрим.“
Сите заинтересирани гевгеличани изложбата може да ја погледнат секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот во просториите на народниот театар до петок 01.10.2021.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *