НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ БАРA ДА СЕ СКРАТАТ ШКОЛСКИТЕ ЧАСОВИ„МЕЃАШИ“ БАРААТ БЕСПЛАТНИ КОВИД ТЕСТОВИ ВО УЧИЛИШТАТА

WEB Телевизија во живо

Народниот правобранител со допис до МОН. Во него се наведуваат забелешките на дел од родителите, учениците и наставниците кои се соочуваат со проблеми. Ученици, родители и наставници реагираат дека потребно е постојано да имаат заштитна маска на лицата, што пак, според нив, предизвикува голем замор, придружен со главоболка и намалена концентрација за следење, односно за реализирање на наставата, а кај дел од децата, како што наведуваат родителите, има осип во пределот на лицето кое е покриено со маска.Помеѓу поплаките има и забелешки за можностите докрај да се почитуваат мерките, бидејќи поради голем број на ученици, често повеќе од 30 во училница со големина од по 30 м2 не може да се одржува физичка дистанца. Родители реагирале и за неопремени тоалети, недостаток од дезинфекциони средства и течни сапуни.
Од Првата детска амбасада МЕЃАШИ велат дека би требало наставата да се одржува на отворено додека дозволуваат временските услови, а бараат и воведување на бесплатни ковид тестови во училиштата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *