НА ИЗЛОЖБАТА „ДУЗИНА“ ВО СКОПЈЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА И ГЕВГЕЛИСКИОТ УМЕТНИК АНГЕЛ МИОВ

WEB Телевизија во живо

Утре, петок, 24 септември, во кафе барот „Министерство“ ќе биде поставена групна изложба на 12 уметници под фестивалски назив „Дузина“, на која ќе бидат изложени дела на Никола Радуловиќ, Стефан Анчевски, Ѓорѓи Антевски, Марија Јовановска, Игор Манојловски, Ангел Миов, Далибор Тренчевски, Кристина Хаџиева, Часлав Марковиќ, Кристина Божурска, Марјан Јаневски и Александар Симоновиќ-Симо. Настанот ќе започне точно во 14 часот а со свој ДИ-ЏЕЈ сет ќе се претстави Игор Манојловски-Калц
Ангел Миов е ликовен уметник кој се изразува во повеќе медиуми: инсталација, видеоарт, перформанс, сликарство и фотографија. Во своите дела ги истражува темите за идентитетот на уметникот наспроти идентитет на уметничкото дело. Роден е во Гевгелија во 1982 година, дипломирал во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде што магистрира во 2011 година. Од 2007 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Во 2009 година е еден од основачите на уметничката група и простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т во Скопје. Има учествувано во многу ликовни проекти во земјава и странство. Од 2012 година предава Акт и цртање на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *