НА 26-ТЕ СПОРТСКИ ИГРИ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ, УЧЕСНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СО СЕДУМ УЧЕСНИЦИ ОСВОИЈА ТРИ ПЕХАРИ

WEB Телевизија во живо

Во Охрид, од 9 до 12 септември се одржаа 26. Спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ, кои се натпреваруваа во 11 дисциплини
Синдикатот на УПОЗ е синдикат во кој членуваат работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија.
На игрите учество зедоа 250 членови на Синдикатот од неколку Агенции, Министерства, Државни инспекторати, Фондови, Јавни претпријатија, Основни судови, како и членови од општините Гевгелија, Велес, Битола, Демир Хисар, Крива Паланка.
Членовите на Синдикатот на Општина Гевгелија, предводена од Претседателот Драгица Јованова успешно ги презентираа своите спортски афинитети, и се враќаат со три освоени пехари од овогодишните спортски игри.
Во дисциплината стрелаштво за жени, екипата на општина Гевгелија во состав Ленче Урдинова, Васка Пајдакова и Петранка Чавдарова, сосема заслужено го освои првото место.
Во дисциплината тенис за жени, трето место освои Петранка Чавдарова, додека во машка конкуренција, исто така трето место освои Тони Николов.
Добар резултата постигнаа и Бошко Динов и Убавка Ликимова во дисциплините пинг понг, пикадо, стрелаштво
Сите спортски натпревари се одржаа на отворено со строго почитување на пропишаните мерки од Комисијата за заразни болести.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *