МЛАДАТА АЛЕКСАНДРА КИРОВСКА НА СВОЈАТА ГИТАРА ПОКАЖА КАКО И ХЕВИ МЕТАЛОТ МОЖЕ ДА ЗВУЧИ НЕЖНО ПОД НЕЈЗИНИТЕ ПРСТИ..

WEB Телевизија во живо

Дваесетгодишната Александра Кировска, вчеравечер ги воодушеви многубројните љубители на музиката кои дојдоа да го проследат нејзиниот прв солистички концерт во Народниот театар во Гевгелија.
Студентката на Факултетот за музички уметности во Штип, во класата ан професор Дејан Лазаревски, Александра, пред гевгеличани се претстави со шаренолик репертоар, кој се движеше од делата на Бах, преку лирските теми на Мирослав Тадиќ, па се до нејзини аранжмани на некои познати теми на „Мegadeth“
По концертот, во краткиот разговор со Александра, таа ни откри дека и покрај тоа што нејзиниот татко е познат виолинист, а нејзината мајка клавијатуристка, таа сепак за свој инструмент ја избрала гитарата. На 5 години се запишува во Основно музичко училиште во Скопје, но поради тоа што имала мали прсти, морала да почне да го изучува пианото. На 11 години се префрла на гитара, и од тогаш, гитарата е нејзин секојдневен придружник.
Нејзини најголеми успеси до сега се изборот за најдобар инструментален солист на Државниот натпревар во 2017 година, најмлад учесник на Интернационалниот фестивал „Сараевска зима“ во 2019, и настапот во Claverhaus во Њу Јорк. Таа смета дека на Факултетот за музички уметности во Штип работат подобри професори од оние од Скопје, па затоа решила да го продолжи своето школување токму во Штип.
Нејзината основна мисија е да докаже дека хеви метал композициите и тоа како може да звучат поинаку, кога се изведуваат на класична гитара. За на есен подготвува да сними видео за својата прва авторска композиција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *