КОНЕЧНО СЕ РАСЧИСТУВА ФЕКАЛНИОТ КАНАЛ КАЈ НЕГОРЦИ КОЈ ПРАВЕШЕ ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

WEB Телевизија во живо

Во тек е акцијата за чистење на фекалниот канал во атарот населеното место Негорци, долж железничката пруга кај Прдејци до речното корито на реката Вардар. Градежната фирма „Мансард“ која даде најповолна понуда на тендерската постапка што ја спроведе ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, со својата механизација веќе неколку дена работи на расчистување на згуснатата вегетација околу каналот и насобраниот талог.
Со ова, ќе се санираат штетите што ги предизвикува каналот при обилните дождови со излевањето на атмосферските води. Но, и како резултат на неодговорното однесување на поедини граѓани кои фрлаат комунален отпад, со што се попречува нормалниот протек. ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ја поттикна ваквата акција со цел да им излезе во пресрет на барањата на жителите на населеното место Негорци, посебно, на локалните земјоделски производители кои трпат најголеми штети. Инаку, ова е дел од пошироката акција на Општина Гевгелија за одржување на речните и одводните канали во градот и населените места, согласно Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија.
May be an image of outdoors
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *