КИНА СПРОВЕДУВА НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ПРОТИВ КОРОНАТА:СEKOJ ШТО ЌЕ ДОЈДЕ ВО КИНА ЌЕ МОРА ДА ОДИ ВО КАРАНТИНСКИ МЕГА КОМПЛЕКС СО 5.000 СОБИ А ХРАНА ЌЕ ИМ СЕ ДОСТАВУВА СО РОБОТИ!

WEB Телевизија во живо

Додека многу земји низ светот ги отвораат своите граници и ги олеснуваат ограничувањата за коронавирус, Кина не сака ништо да препушти на случајноста, па на југот на земјата, во градот Гуангжу, изгради карантински објект вреден 260 милиони долари со 5.000 соби за патниците во Кина – отворањето на истото се очекува во наредните денови.
Масивниот комплекс се состои од серија трикатни згради и зафаќа површина со големина од дури 46 фудбалски игралишта, а неговата изградба траеше помалку од три месеци, пишува Си-Ен-Ен.
Досега, патниците од странство престојуваа во хотели по пристигнувањето во Кина – тие беа ставени во карантин таму со цел да се минимизира изложеноста на локалните жители на увезени случаи на инфекција со „Ковид -19“. Тие сега ќе бидат префрлени директно од аеродромот во новиот комплекс, каде што ќе бидат затворени најмалку две недели. Секоја соба е опремена со видео камера за разговор и термометар со вештачка интелигенција, а три дневни оброци ќе бидат доставени од роботи.
Овој карантин центар е официјално наречен „Меѓународна здравствена станица Гуангжу“ и е прв од ваков вид во Кина. Но, тоа може да биде само едно од многуте, бидејќи кинеската влада има намера дополнително да ја зајакне својата бескомпромисна стратегија за нулта толеранција против коронавирусот. Донггуан, околу еден час возење од Гуангжу, веќе ја гради својата меѓународна здравствена станица со 2.000 соби, а Шенжен, јужно, исто така планира да изгради сличен објект.
May be an image of sky
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *