КИК БОКСЕРИТЕ НА „АЖДЕР“ ОД ГЕВГЕЛИЈА, ВАНЕ МИТЕВ И ДАНИЕЛ МИТРОВ, ОСВОИЈА БРОЗЕНИ МЕДАЛИ НА БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Македонија изминатиот викенд беше домаќин на 15. Балканско WАКО првенство кое се одржа во Скопје а на кое учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Словенија и Турција.
Македонија ја претставуваа 75 натпреварувачи, меѓу кои се најдоа и двајца членови на Кик бокс клубот „Аждер“ од Гевгелија.Тие се враќаат од Скопје со освоени бронзени медали. Како што ни изјави нивниот тренер, Атанас Стојковски, Ване Митев во категоријата до 63 килограми во полуфиналето мораше да ја предаде борбата поради посекотина на главата, додека Даниел Митров, поради пристрасноста на судиите, мораше да ја започне борбата со противникот од Србија со мионус три бодови. Тој има пофални зборови за двајцата членови на „Аждер“ и се надева дека на некое идно натпреварување повторно ќе ги покажат своите боречки способности.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *