ИЗЛОЖБА НА ДИЗАЈНЕРКАТА КАТАРИНА ПРЕНДА НА „БОШ 13“. КАКО СЕ РАЗВИВАШЕ НЕЈЗИНИОТ КРЕАТИВЕН УМ ОД „ГЕВГЕЛИСКИ МАГАЗИН“ ДО „СВЕТОТ НА БИБИ“

WEB Телевизија во живо

Илустрација во анимација е проектот на Катарина Пренда, една од најдобрите графичкиот дизајнери во Македонија, со кој таа вечерва ќе учествува на 13. издание на „БОШ фестивал“ во Гевгелија. „Он лајн“, ќе се претстави со седум илустрации создавани подолг период.
Катарина Пренда е дипломиран графички дизајнер, родена во Гевгелија каде завршува средно образование. Во 2012 година дипломира на Факултет за арт и дизајн при Европски универзитет во Скопје. Својата професионална кариера како графички дизајнер ја започнува во 2009 година, меѓу другото и како дизајнер на општинскиот весник „Гевгелиски магазин“, кој го работеше неколку години. Од тогаш датира и нашето познанство, Многу ми е драго кога сега, после 12 години, ќе ги погледнам нејзините „ракотворби“ и ќе го забележам нејзиниот огромен напредок. Нејзините работи се барани на сите страни, во маркетинг агенции, издавачки куќи, а дел од дизајните на кои работела се пробиле надвор од границите и се издадени во странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *