ИЗГРАДЕНО ПРВО ИНКЛУЗИВНО ИГРАЛИШТЕ ВО ДОЈРАН

WEB Телевизија во живо

Со почетокот на новата школска година, Основното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Дојран доби ново инклузивно игралиште кое безбедно ќе можат да го користат сите деца, вклучувајќи ги и децата со попречености. Првото инклузивно игралиште на територијата на Дојран, е изградено со финансиска поддршка на компанијата ОКТА, како дел одсоработката со Фондацијата „Чекор по чекор“ и Општината. Ова е втора донација на OKTAнаправенаво рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ чија цел е целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во сите училишни активности и зајакнување на нивната социјална и образовна инклузија.
Во поддршката и обезбедувањето на сите неопходни услови за успешна реализација на овој проект учествуваше и Општина Дојран.
„Со ова детско игралиште ќе се унапреди вклучувањето на децата со посебни потреби во секојдневните спортско – рекреативни активности. Исто така се овозможува простор за нивен правилен раст и развој, а секако овој благороден проект ќе го подигне сознанието за различностите уште од најмала возраст, како и свеста за неопходноста од социјализирање и инклузија на децата со посебни потреби во општеството. Ова нека биде мотив сите ние заедно, во иднина да ги отвориме срцата и да покажеме дека можеме многу повеќе да направиме за децата со посебни потреби, активно да се вклучиме во нивната рамноправна инклузија во сите сфери во општественото живеење“, изјави Анго Ангов, Градоначалник на Дојран.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *