И НА МУЗИЧАРИТЕ ИМ Е МИЛА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЉА.ПЕЈАЧОТ БЕНИ ШАЌИРИ И БАСИСТОТ ПЕТАР ГОРГИЕВСКИ-КАМИКАЗА ВО ТРКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Басистот на „Меморија“ Петар Георгиевски – Камиказа и пејачот на „Нон Стоп“, Бени Шаќири се кандидираа за градоначалник на Скопје.
Камиказа ќе биде подржан од опозициската партија Левица. Иако Георгиевски велеше дека тој е независен кандидат, сепак тој ќе ја добие поддршката од гласачкото тело на Левица за како што вели, да добие поголема видливост меѓу гласачите на возраст од 18 до 30 години. Одлуката, вели Георгиевски, ја донесол откако анкетите покажале дека оваа возрасна група повеќе го познава актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, отколку него.
Пејачот Бени Шаќири пак е кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП. Носител на советничката листа, пак, ќе биде познатиот микробиолог, д-р Никола Пановски.
Шаќири на промоцијата рече дека се чувствува изневерен од тоа како се води градот во последните четири години и оти тоа му било мотив да се вклучи во трката за градоначалник.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *