ЕПИДЕМИОЛОГ ДОКТОР САШКО ОЛУМЧЕВ:ВО МОМЕНТОТ ТАРГЕТ ГРУПА НА КОВИДОТ СЕ МЛАДИТЕ ОД 12 ДО 19 ГОДИНИ, ЗАТОА ВРШИМЕ НАДЗОР ВРЗ УЧИЛИШТАТА.

WEB Телевизија во живо

ПРЕПОРАЧУВАМ ТРЕТА ДОЗА НА ВАКЦИНА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ, БЕЗ РАЗЛИКА ОД КОЈ ПРОИЗВОДИТЕЛ Е.
МОЖНО Е ДА ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ СО ГРИПОТ ОВАА ГОДИНА И ЗАТОА ШТО ПОБРЗО ТРЕБА ДА СНАБДИМЕ ВАКЦИНА ПРОТИВ ГРИП.
„Во моментот, според она што го бележиме на теренот во општина Гевгелија, поради широката трансмисија, најмногу се заразува популацијата од 12 до 19 години, која не е вакцинирана и која нема прележано ковид-19, вирусот тука наоѓа плодно поле, и затоа во последните 14 дена во подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје Гевгелија, имаме заболени 64 граѓани, што е пораст за 64 проценти во однос на претходните две недели,“ рече на почетокот на интервјуто, доктор епидемиолог Сашко Олумчев, одговарајки на нашето прашање зошто е зголемен бројот на заболени во Гевгелија.
Затоа, продолжи Олумчев, во оваа ситуација нема потреба да правиме анкети и да бараме кластери, туку, целото внимание го насочуваме кон вршење надзор на основните и средни училиште околу тоа како се користат мерките за заштита меѓу учениците кои оваа година ја држат наставата со физичко присуство.
На прашањето, дали треба да се прими и трета доза на вакцина, и дали таа може да биде од различен производител, доктор Олумчев е дециден
„ Според мене може ќе има не само потреба од трета, туку и од четврта доза, а во зависност како ќе се однесува вирусот во наредниот период. Таканаречената пак трета „бустер“ доза го зајакнува имунитетот на организмот, кој и покрај примените две вакцини, со текот на времето ослабнува кај човекот. Што се однесува до тоа дали може да се прими таа трета доза со различна вакцина од претходните две, нема никаква пречка од такво нешто, затоа што вакцините се со различни видови на делување, со што правиме збогатување и стимулацијата на имунитетот .
Кога зборуваме за грипот оваа година, сметам, вели Олумчев, дека ќе треба да обратиме многу повеќе внимание на грипот, затоа што, поради тоа што минатата година, поради мерките и рестрикциите, грипот го немавме меѓу населението во поголем обем, што остава простор оваа година тој да ни се појави во појака форма. Затоа, што побрзо треба да се снабдиме со вакцини, како што веќе тоа го сторија некои наши соседни земји. Исто така, лекарите ќе треба да обрнат повеќе внимание при дијагностиката на тоа дали се работи кај некој пациент за грип или ковид, бидејки делта сојот има слични манифестации како сезонскиот грип.
May be an image of 1 person and standing
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *