ЏИМИ ПЕЈЏ СЕ ПОЈАВИ НА ЦРВЕНИОТ ЌИЛИМ ВО ВЕНЕЦИЈА СО ПАРТНЕРКА ПОМЛАДА ОД НЕГО 45 ГОДИНИ

WEB Телевизија во живо

Легендарниот гитарист на Лед Цепелин, Џими Пејџ се појави на Филмскиот фестивал во Венеција во друштво на неговата долгогодишна девојка, поетесата Скарлет Сабет. Славната двојка не сакаше да ја пропушти премиерата на документарниот филм „Becoming Led Zeppelin“, па затоа прошетаа рака под рака по црвениот тепих и позираа пред фото објективите.
Документарниот филм, како и самиот Џими Пејџ, доби овации од публиката, но иако славниот гитарист беше ѕвезда на документарниот филм, слободно може да се каже дека Џон „Бонзо“ Бонам, покојниот тапанар на легендарните Цепелини, чија смрт во 1980 година доведе до распаѓањето на Лед Цепелин после 12 години, тој беше вистинска ѕвезда на долгоочекуваниот документарен филм.
Поетесата Скарлет Сабет, исто така, не сакаше да го пропушти овој важен момент во кариерата на нејзиниот сакан. Иако некои предвидуваа брз крај на оваа љубовна врска поради големата разлика во годините, 32-годишната поетеса и 77-годишниот гитарист се уште се среќно вљубени. Нивната врска започна во 2014 година, откако славниот гитарист ја виде во една лондонска книжарница каде Скарлет читаше поезија.
Во едно интервју во 2020 година, Скарлет рече дека морала да помине низ „чувство на срам“ кога започнала врска со познатот рокер, но денес тие имаат одлична врска.
“Смешно е затоа што оваа голема разлика меѓу нас е само на хартија. Кога ќе застане пред мене, не го чувствувам тоа. Тоа не е нешто што и смета на нашата врска. Претпоставувам дека некои ќе речат дека мојот избор е невообичаен за нив. Во почетокот ми беше многу непријатно, и мислев дека мојот живот заврши, се срамев “, призна Скарлет, додавајќи:” Јас сум во прекрасна врска. Мислам дека многу луѓе имаат свое мислење, но Џими е еден извонреден, прекрасен човек. Бројни жени од различни возрасни групи се уште се многу возбудени и денес кога ќе го сретнат “.
Двојката живее заедно во вилата на Пејџ во Лондон каде уживаат во заедничките моменти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *