ДИМИТАР НОВАКОВ И ПИОНЕРСКИОТ ДОМ ОРГАНИЗИРААТ ТРИДНЕВНА БЕСПЛАТНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ФОТОГРАФИЈА

WEB Телевизија во живо

Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија во периодот од 20 до 22 септември, организира бесплатна тридневна работилница за експериментална фотографија. Работилниците ќе бидат одржани во просториите на Пионерскиот дом, наменети за сите почетници, ентузијасти и љубители на фотографијата, под менторство на Димитар Новаков. Условите за учество на работилницата е учесниците да се над 15 години и да имаат уред за фотографирање (апарат или мобилен телефон со Pro опција за фотографирање). Поради почитување на мерките за заштита од КОВИД- 19, бројот на учесници е ограничен. За таа цел, сите оние кои сакаат да бидат дел од оваа работилница, треба да се пријават во порака на Фејсбук-страната: на https://www.facebook.com/novakovdimitar/ .
Почетниците, ентузијастите и љубителите на фотографијата ќе имаат можност да се запознаат со основите и техниките на фотографирањето, а наученото да го применат во пракса преку теренски вежби.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *