ЗОРИЦА ПЕТРОВА, ПРВАТА ЖЕНА МАШИНОВОЗАЧ ВО МАКЕДОНИЈА, И ПО ТРИ ГОДИНИ НЕ ГО РАБОТИ ОНА ЗА ШТО УЧЕЛА

WEB Телевизија во живо

За нашата сограѓанка Зорица Петрова, од Богородица, сме пишувале неколку пати. Да потсетиме, таа е првата жена машиновозач во нашата земја. Полагањето за добивање на лиценца го завршила на 11 декември 2018 година, а лиценцата и била врачена на 8 март, 2019. Иако многу си ја сака професијата и иако покажа како се рушат бариерите кога се во прашање жените во таканаречените машки професии, за жал, Зорица засега нема можност да си го покаже своето знаење во областа за која учела. Додека го чека тој ден, таа работи во фирмата „Даути транспортшпед“ a во меѓувреме стана горда мајка на една слатка ќеркичка. Посакуваме добро здравје на ќеркичката, а на Зорица и посакуваме, доколку се укаже можност, да се вработи во Македонски железници. Со една единствена порака до надлежните во МЖ, да го ценат квалитетот на секој млад човек, и во нашата држава да се стават на прво место квалитетите на поединецот, а не врските, и тоа да биде критериум за вработување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *