ЗАСЕДАВАШЕ ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ: ЗAСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЖАРИТЕ. ОВР ГЕВГЕЛИЈА РАБОТИ НА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ.

WEB Телевизија во живо

Градоначалникот на општина Гевгелија, имено и командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска ги свика членовите на ОСЗШ, а заседаваше во врска со актуелната состојба со пожарите на подрачјето во општина Гевгелија. Од страна на ТППЕ- Гевгелија, ОВР и ПС- Гевгелија, членовите беа информирани за серијата пожари во временски период од два дена, поточно на шумскиот појас покрај грчко-македонската граница, пожарот близу Богородица над хотел-казиното „Скај Синот Топ“ и на патниот правец Гевгелија- Негорци. Претставниците на надлежните институции ја истакнаа загриженоста во врска со настанатите пожари. Посебно, со синоќешниот избивање на пожарот во 22:00 ч. на боровата шума спроти Негорски Бањи.
Индициите укажуваат дека најверојатно се работи за намерно подметнување, а причинител е човечки фактор. Aко се земе предвид фактот дека опожарени се површини, засадени со бор, близу хотелско-казински објекти и бензински пумпи. Имено, ОВР- Гевгелија започна постапка за истражување и откривање на сторителите. Располага со одредени сознанија и основи на сомнежи кои помагаат во расветлувањето на случајот, но повеќе информации за јавноста ќе бидат достапни по завршувањето на постапката. За што е известено и Јавното обвинителство.
На денешната седница на ОШЗС беа утврдени ресурсите со кои располагаат надлежните органи за справување со пожарите и организацијата и начинот на превенирање доколку дојде до нови избивања на пожари, врз основа на недостатоците со кои се соочија надлежните органи во гаснењето на претходните. Имено, Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следниве одлуки и заклучоци:
1. Општинскиот штаб за заштита и спасување по информацијата за актуелната состојба со пожарите на подрачјето на општина Гевгелија, констатираше дека потребна е засилена контрола за превенирање од страна на надлежните институции. ОВР- Гевгелија, ПС- Гевгелија, Шумската полиција и ЈП Национални шуми- ПЕ Шумско стопанство „Кожув“- Гевгелија редовно да ги контролираат шумските предели на пониските и повисоките места.
2. Општина Гевгелија да стапи во контакт со раководствата на Месните заедници од општина Гевгелија за мобилизирање на населението доколку има потреба да се вклучат во интервенирањето. Исто така, Месните Заедници да организираат континуирано следење на состојбата во атарот на нивните населени места, посебно на локации каде има диви депонии.
3. Согласно прогласената кризна состојба поради пожарите на територијата на Република Северна Македонија од страна на Владата и законските одредби, се задолжуваат вработените во Општина Гевгелија да ги контактираат сите локални градежни фирми и во случај на пожар од поголем размер да ја стават својата механизација на располагање.
4. По утврдувањето на расположливите ресурси со кои располагаат надлежните институции за справување со пожарите, членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување одлучија, како приоритет за потребите на ТППЕ- Гевгелија, Општина Гевгелија да набави 10 грбни пумпи- напртњачи, како и да се оспособат старите со кои веќе располага ТППЕ- Гевгелија, а ќе послужат и на другите учесници во локализирањата и гаснењата на евентуални пожари.
5. Во однос на теренските противпожарни возила, Општина Гевгелија да достави барање до Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија за повторно доделување на користење на двете теренски возила- Фолксваген Амарок кои пред два месеци беа повлечени од нивна страна. Како би се ставиле на располагање во случај на нови пожари на тешко-пристапни места на подрачјето на општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *