ЗАПАЛЕН Е ЦРВЕНИОТ АЛАРМ ЗА ЧОВЕШТВОТО. ДРАМАТИЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ!КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ШТО СЕГА СЕ СЛУЧУВААТ СЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ТОА ШТО ЈА ОЧЕКУВА ЗЕМЈАТА ВО 2050 ГОДИНА ДОКОЛКУ НЕ СЕ ПРЕЗЕМАТ КОНКРЕТНИ АКЦИИ.

WEB Телевизија во живо

Последните пет години се најтоплите од 1850 година, стапката на пораст на нивото на морето е скоро тројно зголемена помеѓу почетокот на минатиот век и 1971 година, и како најверојатен (90 проценти) главен двигател на повлекувањето на глечерите и намалување на мразот на Арктикот е – човечка акција. Во споредба со средината на минатиот век, топлотните екстреми како што се топлотните бранови станаа почести, додека „студените настани“ станаа поретки и послаби.
Извештајот на Конференцијата на ИПЦЦ за човечкото влијание врз климатските промени во моментов е во тек и тој се објавува три месеци пред Конференцијата на ОН за климатски промени, на која ќе присуствуваат голем број глобални лидери од кои се очекува да преземат побрзи и поконкретни активности.
Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), тело на Обединетите нации кое го проучува човечкото влијание врз климата, објави денеска дека климатските промени се една од главните причини за екстремните временски услови на кои бевме сведоци во последните години, но и во последните денови. Рекордните горештини, сушите, големите пожари низ планетата, како и поплавите што неодамна ја зафатија Европа и Кина се предупредување за она што потенцијално нe очекува во иднина.
Една од причините за климатските промени и глобалното затоплување е човечката активност, а колку човечките активности навистина влијаеле на климатските промени и глобалното затоплување, денеска објави Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), тело на Обединетите нации кое го проучува човечкото влијание врз климата.
Резултатите од нивното истражување не се оптимистички. Начинот на кој човечката активност ја менува климата на Земјата е „без преседан“, а промените на кои сме сведоци не само што се неизбежни, туку и се неповратни. Глобалните лидери го издвоија растот од 1,5 степени Целзиусови како критична точка што мора да ја избегнеме за да ги избегнеме најлошите сценарија.
Ова бара намалување на емисиите на стакленички гасови, но и отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го гледа извештајот како „црвен аларм за човештвото“, предупредувајќи дека глобалниот пораст на температурата од 1,5 степени Целзиусови е опасно близу.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *