ВО РИПЛИЕВАТА „ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ“,СЕ НАШОЛ И АПОСТОЛ ПЕТКОВ ВО 1944 ГОДИНА КАКО ВОЈВОДА НА КОЈ СУЛТАНОТ МУ ПЛАЌАЛ ДА СЕ ПРЕПРАВА ДЕКА Е МРТОВ!

WEB Телевизија во живо

Во виорот на Втората светска војна, кога светската јавност била обземена со нејзиниот исход, во гратчето Флоренс во Јужна Каролина, во весникот „Florence Morning News“ од 14 октомври 1944 година, во рубриката „Believe it or not!“ (Верувале или не!) е поместен графички обработен портрет на Апостол Петков. Она што претставува вистинска сензација е текстот покрај портретот кој гласи: „Апостол Петков, човекот кој беше платен да се преправа дека е мртов. Познат македонски четник, кој со свои раце уби 2400 Турци. Тој бил толку проблематичен, што турскиот султан му плаќаше 30000 $ за да се преправа дека е мртов“.
Херојските подвизи на Апостол Петков придонеле околу неговото име да се сплетат бројни легенди, кои уште за време на неговиот живот ги преминале границите на Балканот и Европа, при што се распространиле од Нов Зеланд, Тасманија и Австралија до Соединетите Американски Држави.
За таквата застапеност на Апостол Петков во печатот, пресудна улога имале неговите храбри подвизи кои често биле обвиени со мистерија, постојаната борбена иницијатива на теренот, геостратешкото значење на просторот што го контролирал, и секако близината на Солун, каде биле сместени најголем дел од дописничките и дипломатските претставништва. Освен во југоисточните земји, кои биле под британска политичка и културна доминација, името на Апостол Петков за време на неговиот живот се пренело и на Северноамериканскиот континент, конкретно во САД.
Мошне занимлива и шегобиjна епизода пренесува и весникот „The Omaha Sunday Bee“. На 23 декември 1906 година, овој весник се осврнува на преговорите помеѓу андартите и војводата Лука Иванов. Меѓутоа, кога преговорите западнале во ќорсокак, бил повикан Апостол Петков. Грците кога го виделе Апостол зачудено извикале: „Што!?! – па ние мислевме дека ти си мртов“. На тоа Апостол одговорил „Да – два пати ме убија, но гледате дека повторно се вратив во живот“. Неспорно таквите информации и оригиналните методи според кои функционирал Апостол Петков, претставувале вистинска сензација за американската либерална јавност долго време и по неговото загинување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *