СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО, КЛУПАТА СО БРОНЗЕНИОТ ГОРАН СТЕФАНОВСКИ ПОСТАВЕНА ВО ДЕБАР МААЛО. ЕВЕ УБАВА ИДЕЈА И НЕКОЈ ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛИКАН ДА ДОБИЕ СЛИЧНО СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ, КАНДИДАТИ ИМА ПОВЕЌЕ

WEB Телевизија во живо

Бронзената фигура на великанот на македонската драмска уметност Горан Стефановски денеска беше поставена во Дебар Маало во Скопје.
Неговиот син Игор на Фејсбук напиша дека по повеќе од една година изработка, долги ковид-месеци во магацин, и неколку недели во кутија, конечно бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало.
„За жал, поради новите мерки, нема да има јавен настан за отворањето. Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен). Горан би требало да биде поставен на своето место, каде ќе ве чека за седенка и муабет. Кога ќе бидете во можност, отидете да го поздравите“, напиша Игор Стефановски.
Спомен обележјето е изработено од скулпторот Стивен Мелтон, а излеано во бронза во леарницата Spacer во Маргејт, Англија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *