ПОВТОРНО ОТВОРЕНА КОВИД БОЛНИЦАТА ВО КОЈА ВО МОМЕНТОТ СЕ ЛЕЧАТ 8 ПАЦИЕНТИ

WEB Телевизија во живо

Од петокот, 20 август 2021 година, поради зголемување на бројот на пациенти на кои им е потребно болничко лекување од Ковид-19, повторно е ставена во употреба Модуларната ковид болница во Гевгелија. Како што не информираше директорот на ОБ-Гевгелија, д-р Митко Крџев во моментот во болницата се лекуваат 8 пациенти, а тројца од нив се на кислородна подршка.
Да потсетиме дека на 1 февруари 2021 година беше ставена во употреба модуларната ковид болница во Гевгелија. Во истата се вршеше прием на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, тестирање со брзи и ПЦР тестови, преглед и тријажа на пациенти, третман во дневна болница и стационар се до 25 мај 2021, кога таа беше затворена откако десет дена по ред, во Гевгелија не беа регистрирани новозаболени пациенти од корона вирусот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *