ОНЛАЈН ИСТРАЖУВАЊЕ НА „МЕЃАШИ“:ПОВЕЌЕТО УЧЕНИЦИ НЕМААТ ПРОБЛЕМ СО НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА НО ИМ НЕДОСТАСУВА ФИЗИЧКАТА НАСТАВА.СЕКОЕ СЕДМО ДЕТЕ ИМА НЕКОЈ ВИД ПОСТРАУМАТСКИ КОВИД СТРЕС

WEB Телевизија во живо

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“во текот на месец јуни и јули 2021 година спроведе анонимно и доброволно истражување врз 1231 дете од целата територија на Македонија чија цел беше да испита какво е искуството на учениците од далечинското учење во учебната 2020/21
Истражувањето беше спроведено со намера да се открие од децата како мерките преземени за време на вонредната состојба поради пандемијата КОВИД-19 влијаат врз нив и како се прилагодиле на новите околности предизвикани од дадените мерки.
На прашањето што најмногу им недостасува во овој период, децата најчесто известуваат дека им недостасуваат социјални активности (дружење, пријатели, излегување), проследено со поголема потреба од слобода.
Одговорите поврзани со онлајн наставата говорат дека речиси половина од децата имаат свој персонален компјутер (48,3%), повеќе од една третина делат компјутер со своето семејство, а 4,7% од децата воопшто немаат пристап до компјутер.
Најголем број деца (87,3%) изјавиле дека немаат проблеми со наставата преку Интернет, и во голема мера се задоволни од комуникацијата со наставниците, но нешто помалку задоволни од тоа колку родителите / старателите можат да им објаснат делови од материјалот што не го разбираат.
Од проблемите поврзани со учењето на далечина, децата известија дека имаат проблем со лоша интернет конекција, некои деца немаат интернет дома, а интернетот на телефонот брзо се троши
Епидемијата на глобално ниво влијаеше на фактот дека некои форми на насилство од врсници со кои немаше толку многу проблеми и кои беа успешно контролирани, повторно стануваат едно од горливите и клучни прашања што треба да се решат, како случајот со дигитално насилство.
Податоците укажуваат дека повеќето деца се погодени од пандемијата на некој начин, или преку сопствените искуства или преку искуствата на блиските луѓе.
Секое седмо дете (15%) се соочува со значително ниво на симптоми на посттрауматски стрес, односно промени во емоционалноста и однесувањето што се јавуваат како резултат на искуство што може да се опише како трауматично

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *