ОД ЕНДУРО ТРКАТА „ЗАБЕЛ 2021“ ГЕВГЕЛИЧАНИ СЕ ВРАЌААТ СО ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ.МИЛКОВСКИ ПРВ, ТРАЈКОВ И ЦЕКОВСКИ ШЕСТИ А КАМБЕРОВ СЕДМИ.

WEB Телевизија во живо

Четворица мото крос тркачи од Гевгелија учествуваа на мотокрос трката „Ендуро Забел 2021“ на патеката “ЗАБЕЛ“ во Старо Нагоричане, во близина на манастирот Забел. Иако трката беше од ревијален карактер сепак, мотокросистите од Гевгелија постигнаа добри резултати.
Така Андреј Милковски, кој возеше во категоријата Е2 го освои првото место, а во истата категорија Саше Трајков беше шести.
Во класата Е1 учествуваа уште двајца тркачи од Гевгелија, при што Иван Цековски се пласираше на шестото место, додека Антонио Камберов го освои седмото место.
Трката се ореганизираше по 14-ти пат и привлече голем број на гости од Североисточниот регион

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *