НАШЕ, А СЕПАК СВЕТСКО. АЛЕКСАНДАР ПОПОВ :СО „CRAFT“ РАКИЈАТА „GORDION AMBER“, „ГЕВГЕЛИСКА ДЕСТИЛЕРИЈА“ ЌЕ ГИ ОСВОЈУВА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО ВКУСОТ И КИЛИБАРНАТА БОЈА.

WEB Телевизија во живо

Приказната на Гевгелиска дестилерија започна да станува реалност во 2016 година кога ги купив првите лозови насади во околината на селата Моин и Ново Којнско. Решив да го развијам проектот преку изградба на модерен капацитет за производство на craft ракија и да инвестирам во исполнување на сопствениот сон. Примарниот предизвик е производство на квалитетно грозје што во натамошните фази е услов за добивање врвен финален производ. Нашата визија е Гевгелиска дестилерија, покрај производствен капацитет, да стане и едукативен центар за млади земјоделци и производители, како и омилено место за дегустација на ракијата Гордион Амбер. Создадовме производ со префинет вкус и бренд со кој ќе го ставиме Гевгелискиот регион на светската мапа на производители на алкохолни пијалаци со врвен квалитет.
Гордион Амбер се произведува со процес на двојна дестилација на младо вино од внимателно избрани сорти грозје, по строго дефинирана рецептура, која ќе се врши со традиционален аламбик (alembic pot still) казан. Следејќи ги стандардите на врвните производители на ваков тип пијалаци, за производство на Гордион Амбер ќе се користи исклучиво срцевината од дестилатот. Ракијата ќе се чува во буриња изработени од француско дабово дрво што ќе му даде додадена вредност на готовиот производ. Целокупниот процес на производство на ракијата ќе биде во согласност со стандардите на Европската Унија.
Гордион Амбер е достапен на македонскиот пазар преку неколку специјализирани online продавници за алкохол но е достапен и во повеќе угостителски објекти низ Македонија.
Имаме првични обиди за меѓународен пласман и реакциите се одлични. Ни претстои убав период каде ќе го развиваме и пласираме брендот Гордион Амбер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *