НА ДЕНЕШЕН ДЕН РОДЕН ГОЦЕ АРНАУДОВ – МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА ЛЕГЕНДА.ТОЈ НА СЕКОЈА ПЕСНА И ДАВАШЕ ДУША И ЈА ПЕЕШЕ ОД ДУША, ЗАТОА НЕГОВИТЕ ПЕСНИ СЕ ПЕЕА, СЕ ПЕАТ И ЌЕ СЕ ПЕАТ.

WEB Телевизија во живо

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествувал предизвикувал еуфорија, а на сите фестивали ги освојувал првите места.
Во 1994 година на Фолк фест – Валандово со песната „Дали чекаш стара мајчице“ ги освоил сите можни награди и веќе и до ден денес е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. Гоце Арнаудов има напишано над 200 песни,учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години бил прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколку пати станал сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.
Често во Европа, Америка и Австралија учествувал на добротворни концерти.
Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Арнаудов направил концерт на стадионот и собрал 10 илјади публика, а раководството на областа му дала награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.
Починал од рак, на 6 декември 2011 година во болницата во Франција каде што се лекувал.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *