МЛАДИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА ГО РАЗУБАВУВААТ ГРАДСКИОТ ПАРК

WEB Телевизија во живо

Денеска, во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, претставници на проектниот тим од Македонскиот центар за граѓанско образование и Младински образовен форум беа во посета на Гевгелија. Посетата беше во рамките на извршувањето увид на реализацијата на иницијативата на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ и двете Основни училишта „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“- Гевгелија – Младинската акција за разубавување на градскиот парк на улицата „Маршал Тито“. Претставниците од МЦГО и МОФ, Беса Речи и Дејан Ризински, најнапред имаа средба со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. При оваа средба, градоначалникот Поцков им се заблагодари на УСАИД, Македонскиот центар за граѓанско образование, Младинскиот образовен форум, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и вработените во Општина Гевгелија за несебичната поддршка, логистика и пружената помош- една идеја на млади, перспективни луѓе да стане реалност , а им честиташе на сите ученици, директори и наставници за учеството во Проектот и за успешнато реализирање на иницијативата, за вложениот труд и одвоено време- овој парк да биде уште попривлечно катче во природа за: одмор, дружење, спријателување, размена на муабет, место за играње на децата и место за паметење и спомнување, каде се доживеале незаборавни мигови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *