ЛИЛЈАНА ТАНЧЕВА, ЗАЕДНО СО МИЛА МЛАДЕНОВА ОД СТРУМИЦА И ТЕОДОРА ПЕТРОВСКА ОД ТЕТОВО БЕА НА ТРЕНИНГ КУРС ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ПОЛСКА

WEB Телевизија во живо

Програмскиот директор во Multus / Мултус – Центар за едукација, култура и активизам од Гевгелија, Лилјана Танчева, заедно со Мила Младенова од Струмица и Теодора Петровска од Тетово, беа претставници од Македонија, кои го посетуваа курсот за социјално претприемништво „More than money“ (Повеќе од пари) кој се одржа од 7 до 15 август 2021 година во Гора Калварија во Полска
Курсот беше организиран од @YoWoPoland, во соработка со програмата Еразмус+ со цел да овозможи на младите од 8 европски земји да се запознаат со бизнис моделите на социјалното претприемништво. Младите преку различни работилници и симулации, имаа можност да креираат бизнис модел за социјално претпријатие и истото да го презентираат пред потенцијални инвеститори а искуствата да ги споделат и во матичните земји
Целта на ЈЕА е да го промовира учеството на младите и активното граѓанство преку методите на неформално образование за да постигне подобри младински политики, поголема вклученост на младата популација во процесот на донесување одлуки и да го прошири нивното влијание врз позитивниот развој на заедницата. Понатаму, нашите активности се состојат од развој на претприемачки и иновативен начин на размислување на младите луѓе, промоција на активно учество како алатка за постигнување активно граѓанство, како и зачувување и заштита на културното наследство.
Наредниот собир на младите „Обединети во танцот“ ќе се одржи од 15-24/09/2021 година во Германија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *