„КМФ ПРОЕКТ“ ВИСОКО СО 8:1 ГИ ПОБЕДИ „ЦЕФН ДРУИДС“ И ВО ВТОРНИК ПРОТИВ „СЕНТ ЕНДРУС“ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ПРВОТО МЕСТО И ВЛЕЗ ВО ГЛАВНАТА РУНДА ВО ФУТСАЛ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

WEB Телевизија во живо

Вечерва во Гевгелија, во Спортската сала „26 Април“, македонскиот шампион во футсал, КМФ Проект со 8:1 славеше против Цефн Друидс од Велс во прелиминарната рунда во футсал Лигата на шампионите.
Ранготов постигна три голови, по два Мехмединовиќ и Михајлов, а еден Тодоровски .Кај Цефн Друидс единствениот погодок беше дело на Вајс.
Ст. Ендрјус од Малта исто така беше убедлив над Долфинс Ашдод со 8:0.
На едно коло до крајот во групата „А“, во Гевгелија, по шест бодови имаат КМФ Проект со гол разлика 14:1 и Ст. Ендрјус со гол разлика 13:0 и го делат првото место. Овие две екипи ќе играат во вторник, 24 август, 2021 година за првото место..
Првопласираните од секоја група ќе се пласираат во главната рунда во Футсал УЕФА Лига на шампионите , и уште една второпласирана зависно од ранкингот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *