ЈУЛИ 2021 БИЛ НАЈТОПЛИОТ МЕСЕЦ ОТКАКО СЕ МЕРИ ТЕМПЕРАТУРАТА НА ЗЕМЈАТА.НАЈВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО СЕГА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗМЕРЕНИ НА 24 ЈУЛИ 2007 ГОДИНА, ВО ДЕМИР КАПИЈА 45,7 СТЕПЕНИ И ВО ГЕВГЕЛИЈА 45,3.

WEB Телевизија во живо

Јули бил најтополи месец откако се мери просечната температура на Земјата, објави Американската национална администрација за океани.
Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти денеска дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година. Според нив, тоа е дел од влошување на трендот поврзан со климатските промени.
„Јули е генерално најтоплиот во годината, но јули 2021 година се надмина себеси, стана најтоплиот јули и месец што некогаш е регистриран“, наведе Рик Спинрад, директор на одделот.
Температурниот рекорд во јули е 0,02 степени над претходниот, измерен во 2016 година и повторен во 2019 година и 2020.
Од УХМР велат дека рекордот со највисока измерена температура досега во Македонија е постигнат на 24 јули 2007 година во Демир Kапија, кога се измерени 45,7 Целзиусови степени. Слични температури во јули се заблежани во минатото во Гевгелија каде на 24.07.2007 се измерени 45,3 степени,
На 24 јули 2007 година се измерени досега највисоките температури во Македонија и оттогаш не се надминати. Температурите официјално ги мериме од 1948 година. Имало мерења и порано, но не сме сигурни колку се прецизни – велат од УХМР.
Слични температури во јули се заблежани во минатото во Гевгелија каде на 24.07.2007 се измерени 45,3 степени,

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *